Сопругата на Џеф Безос, Лорен Санчез Безос, е една од главните теми на овогодинешната Мет Гала што се одржа во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк.
Имено, Лорен е мета на критики за нејзиниот моден избор, каде што многу корисници на социјалните мрежи изразија разочарување за недостатокот на труд и покрај фактот дека таа е една од организаторите на настанот и има пари.
Санчез се појави на скалите на Метрополитен музејот на уметност во фустан од Скијапарели, изработен по мерка, со корсет и детали од врвки на задната страна.
Lauren Sánchez Bezos at the Met Gala“How to marry a billionaire — and still look like Temu” pic.twitter.com/qsIJ0jEJMt— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) May 4, 2026
Нејзиниот изглед, според достапните информации, бил инспириран од портретот „Мадам X“ на италијанско-американскиот сликар Џон Сингер Сарџент од 1884 година.
Ова уметничко дело, кое во времето на неговото создавање беше опишано како едно од најскандалозните поради приказот на прерамка од фустан што се лизга од рамото, денес е една од најпознатите атракции на музејот.
Сепак, некои корисници на социјалните мрежи не го гледаа нејзиниот моден избор во тој контекст.
Lauren Sanchez Bezos contient plus de plastique qu’une usine de Tupperware. https://t.co/LBBiHOIkmd— ~εℓσ∂ιε PFM (@DelermeElodie) May 5, 2026
„Сите тие пари, и тоа е најдоброто што можеше да го направи“, „Можеш да ја купиш Мет Гала, но не можеш да купиш стил“, „Како да се омажиш за милијардер, а сепак да изгледаш како да е од Тему“, „Можеше барем да се обиде да се вклопи во темата“, „Лорен Санчез Безос содржи повеќе пластика од фабрика за Тапервер“, „Омажена за милијардер сепак не може да изгледа стилски“, беа само некои од коментарите.
The post Изгледот на Лорен Санчез е критикуван: „Како можеш да се омажиш за милијардер, а сепак да изгледаш како да си од Тему?“ (фото) appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



