Турското Министерство за национална одбрана ја претстави првата домашна интерконтинентална балистичка ракета „Јилдиримхан“ на саемот SAHA 2026 во Истанбул.
Ова е првата интерконтинентална балистичка ракета што е јавно прикажана во Турција.
Системот е развиен од Центарот за истражување и развој на Министерството за одбрана, а презентацијата се одржа на Меѓународниот саем за одбрана и воздухопловство „Саха 2026“ во Истанбулскиот изложбен центар.
Според техничката табла изложена на саемот, „Јилдиримхан“ има дострел од 6.000 километри, може да достигне брзина до 25 Маха, има четири ракетни мотори на течно гориво и користи азотен тетроксид како погонско гориво.
Во моментот на презентацијата не се објавени дополнителни оперативни детали за системот. SAHA 2026 беше отворен во организација на SAHA Истанбул, најголемиот кластер на наменски, воздухопловни и вселенски индустрии во Турција и Европа.
The post Турската воена индустрија го шокираше светот: Претставија домашна интерконтинентална ракета, со дострел од 6.000 километри appeared first on Во Центар.



