Три лица приведени, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина за криумчарење филери

Приведени се три лица меѓу кои и сопственичка на салон за убавина поради криумчарени дермални филери и други медицински производи кои се користеле во салонот за убавина.
Криминалната шема е разоткриена на влез во државата на граничниот премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што пронајдени се вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина.
– Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот. Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување, информира попладнево Царинската управа.
За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

The post Три лица приведени, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина за криумчарење филери appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: