Меџити: На ВЛЕН му одговараат предвремени избори, но годинава нема да има, ќе видиме во 2027

Коментирајќи ја изјавата на премиерот на земјата Христијан Мицкоски од претходниот ден за предвремени избори, Изет Меџити, лидер на ВЛЕН, во „Click Plus“ изјави дека на ВЛЕН му одговараат предвремени парламентарни избори.

Како што додаде, сепак оваа година нема да има избори.

Меџити понатаму нагласи дека ВЛЕН раководи со 70% од општините со албанско население, како и дека во анкетите излегува како апсолутен победник.

Пронајдете не на следниве мрежи: