Инфлуенсерот за патувања Џејк Розмарин е на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, кој е ставен во карантин по сомнение за појава на хантавирус, ретка, но потенцијално сериозна болест.
На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските екипи ја следат ситуацијата и се обидуваат да спречат понатамошно ширење на инфекцијата. Според достапните информации, дел од патниците веќе се евакуирани поради нивната здравствена состојба.
Розмарин контактираше преку социјалните мрежи и во емотивна порака рече дека патниците се исплашени и несигурни и дека само сакаат безбедно да се вратат дома.
View this post on Instagram A post shared by Jake Rosmarin | Travel | Boston (@jakerosmarin)
„Нормално, не би направил вакво видео, но исто така чувствувам дека морам да кажам нешто, па затоа запишав неколку мисли. Ние не сме само приказна. Ние не сме само наслови во весник. Ние сме луѓе кои имаат семејства, свои животи и луѓе кои нè чекаат дома“, рече тој низ солзи.
Во својот говор, Росмарин нагласи дека ситуацијата на бродот изгледа хаотична и дека недостатокот на информации дополнително ја зголемува вознемиреноста кај патниците.
„Има многу неизвесност и тоа е најтешкиот дел. Сè што сакаме сега е да се чувствуваме безбедно, да имаме јасни информации и да се вратиме дома. Ќе споделам повеќе информации кога ќе можам, а дотогаш само ве молам за ваша љубезност и разбирање“, додаде тој.
Здравствените власти го следат развојот на ситуацијата, а бродот останува под строг надзор сè додека не се утврди точниот обем и потекло на инфекцијата.
The post Инфлуенсер се јави од крузерот на кој владее хантавирус: Ние не сме само насловни страници, ние сме луѓе кои имаат семејства appeared first on Во Центар.



