Стојанче Јовановски денеска е осуден на казна затвор од 12 години. Обвинителството е задоволно, но смета дека треба да се смени казнената политика. Од семејството на Ивана велат дека изречената казна нема да им ги врати Ивана и Катја но, дека се испраќа порака дека семејното насилство нема да се толерира.
Обвинителката Адела Бојчевиќ, која го застапуваше предметот, изјави дека судот ја определил максималната казна пропишана со закон, но дека треба да се промени казнената политика.
– Дали треба за семејно насилство каде што има телесна повреда максималната казна да е пет години, а каде што има смртна последица исто така да е до пет години максималната казна?, праша Бојчевиќ.
Адвокатката на семејството на Ивана, Неда Чаловска вели дека за првпат е изречена казна за наведување самоубиство при семејно насилство. Вели дека тоа нема да ги врати Ивана и Катја но дека се испраќа порака дека нема да се толерира семејното насилство.
– Ивана и Катја нема да се вратат, но се испраќа порака дека семејното насилство нема да се толерира. Имаме пресуда за наведување на самоубиство поради семејно насилство за првпат и отсега државните институции ќе треба да истражуваат во случаи на самоубиство дали тоа било поради семејно насилство како што беше во овој случај, изјави Чаловска.
The post Јовановски доби максимална казна но дали треба да се размисли за построги санкции appeared first on Provereno.



