Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче преку објава на Х го оцени потегот на министерот за внатрешни работи за повлекување на законот за внатрешни работи како победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција.
– Ова е победа на СДСМ за сите граѓани на Македонија и за професионалците во полицијата, победа на стручноста и професионализмот над партизацијата и политичката контрола врз полицијата. Ние поднесовме иницијатива до Уставниот суд со што ја блокираме партизацијата на МВР. Со оваа одлука за одложување, Мицкоски и Тошевски всушност признаваат дека не можат да го протнат законот без да предизвикаат огромен отпор и без да имаат правна основа. Честитки до сите чесни и професионални полицајци кои секојдневно ја вршат својата работа чесно и професионално. Ова е ваша победа, напиша Филипче.
The post Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција appeared first on Provereno.



