Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави одложување на примената на новиот закон за внатрешни работи и на измените на Законот за полиција.
Овие законски решенија, според Тошковски ќе стапат во сила по завршување на следниот изборен процес за да не и се даде, како што рече, алиби на опозицијата за изборниот дебакл што ја очекува.
– За да не им се даде алиби и да не им се остави простор да критикуваат и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до пратениците во Собранието, најбрзо што може, измена со која и новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција ќе се одложат и ќе стапат во сила по завршување на изборниот процес, вели Тошковски.
Ваквата најава на Тошковски доаѓа по обвинувањата од опозицијата дека полицијата се партизира и дека новиот закон за внатрешни работи е противуставен.
The post Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи appeared first on Provereno.



