Инфлацијата во април бележи повторно зголемување. Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците на живот во април на годишно ниво бележат зголемување од 5,7 проценти, а цените на мало раст од 5 проценти.
Зголемување на инфлацијата има и во однос на претходниот месец за 1,3 проценти, а Заводот за статистика евидентира зголемување и кај цените на мало на месечно ниво од 3,2 проценти.
Според статистичките податоци, зголемување има речиси кај сите групи – транспортот, храната, пијалоците, личната хигиена, облеката….
The post Инфлацијата расте, во април 5,7 отсто appeared first on Provereno.



