Криминал со јавна набавка откриен во Агенцијата за управување со одземен имот

Управители на две фирми и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот заработија кривична пријава под сомнение за злоупотреба при постапка на јавна набавка.
Осомничени се управители со иницијали Н.И. и Б.Г, како и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот со иницијали Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б.
Осомничените управители во 2021 година со однапред утврдена намера ги повредиле прописите од јавната набавка односно едниот бил прикажан како формален конкурент со намерна техничка грешка со цел да им се оневозожи наддавање, а членовите на Комисијата свесно помогнале сето тоа да се реаизира.
– На овој начин било овозможено склучување договор за продажба на одземени хаварисани возила помеѓу Агенцијата, претставувана од Ф.А., и правниот субјект управуван од Н.И., при што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од 2.128.352 денари“, посочуваат од Финансиската полиција.
The post Криминал со јавна набавка откриен во Агенцијата за управување со одземен имот appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: