Завршена е постапката за обдукција на студентката од Турција, која вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Штип.
Потврдата доаѓа од Институтот за судска медицина, меѓутоа, сè уште не е познато кога ќе бидат откриени причините што доведоа до смртта на 20-годишникот. Полицијата вели дека работи на целосно расветлување на случајот.
„Утврдено е дека жената е 20-годишна државјанка на ЕУ, државјанка на Република Турција. Екипа на Секторот за внатрешни работи-Штип изврши проверки на местото на настанот. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расветлување на случајот“, соопшти МВР.
Територијалната противпожарна единица во Штип интервенирала за да влезе во станот низ балконската врата, бидејќи влезната врата била блиндирана.
The post Причината за смртта на 20 годишната студентка од Турција сè уште е непозната appeared first on Во Центар.



