Обвинение е поднесено против телохранителот на премиерот кој извршил семејно насилство врз сопругата. Обвинителството денеска соопшти дека обвинетиот по вербална расправија во семејниот дом физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и почнал да ја дави.
Сопругата успеала да се засолни во тоалетот, а подоцна со детето се обидела да го напушти домот но тој и го одзел мобилниот телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка која ги примила во домот.
– Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност. Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството, информира Обвинителството.
Случајот го потврди лично и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека законите важат подеднакво за сите. Мицкоски во изјава за медиумите соопшти дека обезбедувачот е дел од претходницата, а сопругата врз која е извршено семејното насилство е ќерка на негов колега од факултет.
The post Поднесено обвинение против телохранителот на премиерот appeared first on Provereno.



