Четириесет и осумгодишен жител на Куманово бил пронајден починат вчера во стан на улицата „Доне Божинов“, соопштија од Секторот за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 22.05.2026 година во 09:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан на наведената улица е пронајден починат Н.Д. (48) од Куманово.
На местото на настанот излегле надлежните служби, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а засега не се соопштуваат дополнителни детали околу околностите под кои настанала смртта.



