Фабрегас: „Пред четири години се пресоблекувавме во бар, а денес сме во Лигата на шампионите“

Фудбалерите на Комо направија вистинска сензација оваа сезона во Серија А. Во последното коло одиграно синоќа, тие официјално го потврдија учеството во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тренерот на Комо, некогаш познатиот фудбалер Сеск Фабрегас, по натпреварот изјави дека квалификациите за Лигата на шампионите се огромно достигнување.

„Кога пристигнав пред четири години како играч, се пресоблековме во бар, денес сме во Лигата на шампионите. Тогаш трениравме без спортски центар, на место за кое дури и не се сеќавам каде беше… А денес, помалку од четири години подоцна, ќе играме во Лигата на шампионите“, рече Фабрегас и додаде:

„Ова е огромно достигнување. Ова е тим полн со деца, од 15-те играчи кои играле најмногу, речиси сите се под 23 години. Мислам дека е одлично и ремек-дело на целиот тим“ –

Прес-конференцијата на Фабрегас по натпреварот со Кремонезе беше прекината од играчите на Комо кои истурија вода врз тренерот додека ја пееја химната на Лигата на шампионите, која ја пуштаа преку голем звучник што го донесоа во просторијата.
The post Фабрегас: „Пред четири години се пресоблекувавме во бар, а денес сме во Лигата на шампионите“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: