Русија ја информираше Америка: „Почнаа нападите“

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, разговарал телефонски со американскиот државен секретар Марк Рубио и го информирал дека руските вооружени сили започнуваат систематски напади врз објекти во Киев, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лаворв ја информираше американската страна дека руските вооружени сили започнуваат систематски напади врз објектите во Киев што ги користи украинската армија.

„По налог на претседателот Владимир Путин , шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, официјално ја информираше американската страна дека, како одговор на континуираните терористички напади од страна на киевскиот режим врз цивили и цивилни објекти на територијата на Русија , руските сили започнуваат систематски и конзистентни напади врз објекти во Киев што ги користат украинските сили, како и врз релевантни центри за донесување одлуки“, се наведува во руското Министерство за надворешни работи.

Лавров го привлече вниманието на соопштението на руското Министерство за надворешни работи во кое се препорачува евакуација на дипломатскиот персонал и другите граѓани од украинската престолнина.

Шефовите на дипломатиите разменија и оценки за дипломатските иницијативи за решавање на кризата во Ормутскиот теснец и ситуацијата околу Куба .

Покрај тоа, рускиот министер го потсети американскиот државен секретар на договорите на високо ниво постигнати во Анкориџ во врска со украинскиот конфликт, соопшти руската дипломатска мисија.

„Министерот потсети на договорите на високо ниво постигнати во Анкориџ во август 2025 година, на предлог на САД, во врска со украинскиот конфликт и изрази жалење што дрските напори на европските елити и режимот во Киев ги поткопуваат овие договори, кои го отворија патот за одржливо, долгорочно решение засновано на рамнотежа на интереси“, се наведува на веб-страницата на министерството.

Претходно денес, руското Министерство за надворешни работи објави дека како одговор на нападот на украинските сили врз Старобелск, Москва започнува конзистентни, систематски напади врз објектите на украинската одбранбена индустрија во Киев.
The post Русија ја информираше Америка: „Почнаа нападите“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: