Ангелов ќе бара пензионирани полицајци и војници да помогнат во гасењето на пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов соопшти дека ќе побара и пензионирани полицајци или лица кои на друг начин ја напуштиле полицијата или армијата кои ќе ракуваат со водните пумпи со кои се прска изгорената површина.

-За да немаме побарување кон локалните пожарникари, бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја направиме и по учеството во помали, понеризични пожари, тие самите ќе стекнат одлично искуство да го работат тоа, рече Ангелов во телевизиско гостување.

Тој посочи дека освен пензионирани, ќе можат да се приклучат и поранешни вработени од полицијата и АРМ кои по друг основ ги напуштиле службите.

-Нека дојдат, нека помогнат на татковината и нека заработат некоја пара која воопшто нема да биде за потценување, кажа директорот.

Пронајдете не на следниве мрежи: