По одлуката на Апелација да ја потврди едногодишната затворска казна, поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски попладнево одржа вонредна прес-конференција тврдејќи дека одлуката е политичка.
Јакимовски тврди дека пресудата е политичка со цел да не може да се кандидира на градоначалник.
– Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и овластувања, туку затоа што на некого му пречам, рече Јакимовски.
Вели дека предметот се однесува на две бараки поставени во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“, за кои тврди дека претставуваат времени објекти.
– Цело време докажуваме дека станува збор за времени објекти. Сепак, судот донесе пресуда како да се работи за цврста градба, што според мене е неточно, рече Јакимовски.
Обвини и за постоење на два фалсификувани документи во предметот, за кои, како што рече, биле ангажирани вештаци и форензичари. Според неговите тврдења, на стручните лица не им бил овозможен целосен пристап до предметот за да утврдат кој стои зад наводните фалсификати.
The post Јакимовски тврди дека пресудата е политичка за да не се кандидира за градоначалник appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



