Вработените во спортските обложувалници и казината апелираат до пратениците да го стопираат законот

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) реагира што Предлог законот за игри на среќа е ставен на дневен ред на денешната седница иако испратиле официјално барање до Собранието за јавна расправа до која не дошло. Апелираат до пратениците да не го поддржат предложеното законско решение.
Горан Стоименов од АПИС денеска пред Собранието изјави дека поминале две недели откако доставиле официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа, но дека досега не добиле никаков одговор.
– Согласно Деловникот на Собранието, барањето го упативме до претседателот на Собранието, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и координаторите на сите пратенички групи. Сметаме дека јавната расправа е демократска алатка преку која претставниците на асоцијациите и вработените во легалните објекти ќе можат да ја споделат својата експертиза и професионално искуство со пратениците, изјави Стоименов.

АПИС останува на ставот дека доколку се донесе предложеното законско решение засегнати ќе бидат повеќе од 10 илјади вработени и ќе се изгубат повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи годишно.
– Се засилува впечатокот дека за некого брзината е поважна од суштината, изјави Стоименов.

The post Вработените во спортските обложувалници и казината апелираат до пратениците да го стопираат законот appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: