Муцунски: Македонија бара предвидлив европски пат без дополнителни барања

Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопјe, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движат напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија.

„Двете земји имаат многу да добијат од овој процес. Сакам да ве уверам дека имаме најпозитивни намери да соработуваме во областа на одбранбената и безбедносната политика, да соработуваме во економијата, да соработуваме во образованието.

„Лично, како универзитетски професор, учествував на безброј меѓународни конференции во Софија. Затоа верувам дека сите овие настани од последните години вештачки ги делат народите на двете земји. И она што е важно е да се гледа кон иднината, да не се фокусираме на прашања од минатото, прашања поврзани со идентитетот, историјата и јазикот, бидејќи имаме иднина што треба да нè обедини“, рече Муцунски.

Во врска со договорот предложен од Франција во 2022 година, тој нагласи дека Македонија има поинаков став за него.„Мораме да работиме во систем што значи меѓусебна доверба. Нашиот став е дека имаме поинакво толкување на тоа што се очекува од нашата земја во врска со одлуката од 2022 година“, нагласи Муцунски.

Според него, Северна Македонија подготвила, како дел од барањата, одличен акционен план за малцинствата.

„Нашата цел не е само да стигнеме до фаза на отворање на пристапните преговори, туку и успешно да ги затвориме. За да го постигнеме ова, што е важно за нас? Да знаеме дека нема да има дополнителни барања кон нашата земја во врска со историјата, идентитетот и јазикот, како и други билатерални прашања што би се појавиле по почетокот на преговорите – прашања поврзани со историските комисии, ова не се фундаментални европски прашања. Затоа велам – добро е да се разговара и да се разјасни какви се очекувањата од двете страни бидејќи, на крајот на краиштата, во сето ова постои силен билатерален елемент. Тука се најголемите недоразбирања“, нагласи Муцунски.
The post Муцунски: Македонија бара предвидлив европски пат без дополнителни барања appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: