Толку едноставна, а преубава: Бившата на Дикаприо сè уште мами воздишки

Камила Мороне го привлече вниманието на јавноста кога се појави на ревијата на Шанел. Може да се каже дека нејзините модни избори беа дефиниција за тивок луксуз.

Шармантната актерка Камила Мороне неодамна присуствуваше на ревијата на Шанел во Њујорк, а фотографите ја фатија во момент на невнимание. Сепак, таа успеа да се „смири“ и им подари на љубопитните папараци блескава насмевка што тешко се заборава.

За овој моден настан, таа одлучи да облече навидум едноставен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ја истакнува нејзината завидна фигура. Станува збор за макси фустан од Шанел во црна боја, украсен со длабоко деколте , но и минимализам во однос на деталите. Може да се каже дека самата креација е дефиниција за тивок луксуз кој на редуциран начин ги истакнува луксузните атрибути на Камила, но и нејзината природна убавина.

За да го комплетира изгледот , таа се одлучи за едноставна, брановидна фризура и шминка во голи тонови што дава „мек гламур“ изглед. Не треба да се пропуштат златните обетки и црните очила – моментално најпосакуваната модна комбинација на модерен гламур.

The post Толку едноставна, а преубава: Бившата на Дикаприо сè уште мами воздишки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: