Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Дебрца, осомничен за злоупотреба на службена положба

Полициската управа во Охрид поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од село Волино, општина Дебреце, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со тоа што не вршел соодветен надзор, не ги идентификувал правните и физичките лица кои се сопственици, корисници или носители на правото на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрце кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и на нивно повторно оданочување.

Со тоа, осомничениот на општина Дебрца ѝ предизвикал штета во износ од 431.245 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
The post Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Дебрца, осомничен за злоупотреба на службена положба appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: