ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е адвокат на Бугарија

Филипче и СДСМ не нудат решенија за Македонија, туку нудат нови отстапки што овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче се однесува како застапник на официјална Софија и ги стави интересите на другите пред оние на Македонците.Тој е опседнат со вклучувањето на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДСМ нема црвени линии кога станува збор за националните интереси и достоинството на државата.Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и работи за подобар животен стандард, Филипче и СДСМ нудат само политики на капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди.Наместо да се борат за Македонија, СДСМ се натпреварува кој најбрзо ќе прифати нови услови и отстапки.На граѓаните одамна им е јасно дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Затоа огромното мнозинство граѓани се против ваквите чекори под диктат и притисок однадвор. Секој јавен настап на Филипче и СДСМ е потсетник зошто СДСМ ја изгуби довербата на народот и зошто продолжува да тоне. Во Македонија е времето на „Капитулации и политичари кои клекнуваат пред барањата на другите. На Македонија ѝ се потребни лидери кои тврдоглаво стојат, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење.“ Граѓаните ги поддржуваат нашите политики и даваат извонредна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е адвокат на Бугарија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: