Владата на Република Македонија најавува нова инвестиција во Слободната економска зона во Тетово. Станува збор за инвестиција на компанијата „Каво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија и присутна на меѓународните пазари како производител на безбедносни системи, оперативни кабли и механизми за најголемите светски производители во автомобилскиот сектор.
„Компанијата денес го извршува своето производство, како што слушнавте, во Турција и Централна Европа, снабдувајќи бројни познати партнери од автомобилската индустрија.
Новата инвестиција ќе биде реализирана во Индустриската зона Тетово и претставува уште една потврда дека стануваме привлечна дестинација за компании што работат во индустрии со висока додадена вредност и модерни производствени технологии.Планирано е целото производство од Турција и Словачка да се префрли во Тетово.
Особено важно е што во иднина целото производство на контролните кабли на компанијата ќе се одвива токму тука, во Тетово, што претставува дополнителна потврда за довербата на инвеститорот во локалната македонска економија, работна сила и деловна клима.
Инвестицијата, како што веќе споменавме, ќе започне со закуп на постоечки објект, што значи дека станува збор за „браунфилд“ инвестиција, со површина од 8.000 квадратни метри, додека според планот за развој на компанијата, капацитетите ќе се прошират на 21.000 квадратни метри до 2028 година.
„Во првите пет години, имено во периодот 2026–2030 година, компанијата планира да инвестира приближно, како што веќе споменавме, околу 20–21 милион евра“, објави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Како што рече премиерот, оваа инвестиција ќе донесе и нови можности за вработување. Според бизнис планот на компанијата, ќе се создадат околу 400-500 нови работни места кога компанијата ќе го достигне својот полн капацитет.
The post Владата најавува нова инвестиција од 21 милион евра во Слободната економска зона во Тетово appeared first on Во Центар.



