Станува збор за уште еден во низата прекини во работата на системот во изминатиот период. Во текот на последната година, граѓаните повеќепати се соочуваа со проблеми при користењето на апликацијата, како и со доцнење на исплатата на средствата по основ на поврат на ДДВ.
Имено, граѓаните масовно се жалат на социјалните мрежи дека повторно добиваат порака која вели „Нема конекција до УЈП“, се почеста појава во изминативе неколку недели. Дел од нив изразуваат сомнеж дека честите прекини и доцнењата со исплатата не се случајни, туку се поврзани со обид на државата привремено да ги намали обврските за исплата на повратот на ДДВ и на тој начин да го олесни притисокот врз буџетот.
Од Управата за јавни приходи за сега нема никаква официјална информација за последните прекини во функционирањето на „МојДДВ“, но претходното нивно соопштение во врска со овој проблем беше дека станува збор за технички проблеми.
Инаку, мерката „МојДДВ“ е една од најпопуларните меѓу граѓаните, а максималниот износ на поврат што може да се добие изнесува 2.100 денари по тримесечје.
Проблемите со нејзиното функционирање се случуваат откако дојде новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело на УЈП.



