ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Македонската јавност денеска ја потресе веста за ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Информацијата беше потврдена во текот на денот, а причините за неговата смрт засега не се соопштени. Илиевски беше долгогодишно присутен во локалната политика и важеше за еден од најпрепознатливите општински функционери во Полошкиот Регион. Роден е на 3 мај 1968 година во Тетово, а на чело на Општина Брвеница беше од 2021 година, откако ја доби довербата на граѓаните, која подоцна ја потврди и на следните локални избори. Претходно беше член на Советот на Општина Брвеница во периодот од 2013 до 2017 година.

Од Илиевски преку социјалните мрежи се простија бројни политичари, соработници и граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски го опиша како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и развојот на општината што ја водеше.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од јавноста, додека Општина Брвеница останува без својот прв човек во момент кога се реализираа повеќе локални проекти и активности.Повеќе информации за причините за смртта и деталите околу погребот се очекуваат во текот на наредните часови.
The post ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: