Сандерс бесен поради зборовите на израелскиот министер: „Ова е изјава од воен злосторник, тие не заслужуваат ни цент поддршка“

Американскиот сенатор Берни Сандерс повторно жестоко ја критикуваше политиката на израелската влада, а особено се осврна на повеќе од контроверзните изјави на израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир.

Сандерс ја цитираше изјавата на Бен-Гвир во која тој рече дека либанските мајки мора да плачат и дека целиот Либан мора да гори.

„Ова не е нормална изјава од обичен член на кабинетот на голема нација. Оваа изјава на израелскиот министер за национална безбедност, Бен-Гвир, е изјава на воен злосторник“, рече Сандерс.

Тој рече дека Америка повеќе не смее да ја поддржува израелската влада.

„Расистичката, екстремистичка израелска влада не заслужува ниту цент американска поддршка“, рече тој.

Бен-Гвир не застана само на овие изјави, а во понатамошните дискусии му сподели и „совет“ на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.

„Ова е предлогот на Џ.Д. Венс. Справете се со нацистите од 21 век исто како што Американците се справија со нацистите во 20 век“, рече Бен-Гвир, алудирајќи на односот со Иран и ситуацијата во Либан.
The post Сандерс бесен поради зборовите на израелскиот министер: „Ова е изјава од воен злосторник, тие не заслужуваат ни цент поддршка“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: