Минималниот износ за К-15 изнесува 19.116 денари

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15, при што минималниот износ годинава изнесува околу 19.116 денари.

Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари.
Просечната вредност е околу 47.790 денари, а согласно колективниот договор минималниот К-15 изнесува 40 отсто од таа основица.

Право на К-15 имаат вработените во приватниот сектор кои имаат најмалку шест месеци непрекината работа кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Работодавачите можат да исплатат и повисок износ, доколку тоа е утврдено со колективен договор или внатрешна одлука на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: