Пожар избувна на хрватски остров; Објавена е застрашувачка ВИДЕО снимка

На островот Вис доцна во неделата навечер, околу 23 часот, избувнал пожар на отворен простор. Пожарот зафатил борова шума и макии во областа Комижа, на локација покрај патот за Подхумље, објави веб-страницата Ватрогашчи 193.

Гаснењето на пожарот е отежнато од сувата земја и ветерот.

На интервенција дојдоа сите расположиви противпожарни сили од островот. Иако поволна околност е што немало силен ветер во текот на ноќта, пожарот се проширил брзо во првиот час поради екстремно сувата почва, објавува „Далмација Данас“.

Дополнителен проблем беше бурата, која, според податоците на автоматската метеоролошка станица во Комижа, дуваше со брзина од околу 4 метри во секунда, што беше доволно за да придонесе за понатамошно ширење на пожарот.

https://www.facebook.com/share/r/1Er3uAwhu4/

The post Пожар избувна на хрватски остров; Објавена е застрашувачка ВИДЕО снимка appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: