(Видео) Украински тајкун повреден во експлозија на бомба во Монако!

Три лица, меѓу кои и украински бизнисмен, се повредени во експлозија на импровизирана пакет-бомба што доцна вечерта во понеделникот експлодирала пред станбена зграда во Монако, во близина на француската граница.

Според властите, двајца од повредените се здобиле со тешки повреди и се пренесени на лекување во болница во Ница, Франција. Напаѓачот, кој бил снимен од безбедносни камери како остава ранец на местото на експлозијата, по нападот избегал пеш кон Франција, по што е започната заедничка потрага на полицијата од двете земји.

Мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек. Кнезот Алберт II го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморен чин“ и порача дека сите безбедносни служби се мобилизирани за пронаоѓање на сторителот.

Извор: Euronews

Пронајдете не на следниве мрежи: