Aмериканката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за Лина Ѓорческа која во своето деби на грен-слем турнирите загуби со 2-0 во сетови.
Во мечот кој се играше на вториот терен Анисмова го покажа својот квалитет и доминираше од самиот почеток.
Ѓорческа пружи отпор во првиот сет, меѓутоа не доби ниту една прилика за брејк, а сервисот го загуби во четвртиот гем кога Анисмова поведе со 3-1. До крајот дојде до 1-0 во сетови.
Вториот сет донесе уште поголема доминација на Анисимова, која двапати го освои сервисот на нашата тенисерка и со 6-2 го приведе мечот кон крајот.
Овој настап на Ѓорческа ќе остане запаметен како историски бидејќи таа стана првата тенисерка од Македонија која настапила на еден грен-слем турнир. Пред неа, само Александар Китинов во двојки ја претставуваше Македонија, исто така на грен-слем турнирот Вимблдон.



