Во Казнено-поправната установа Затвор Штип е пријавен сериозен случај кој се истражува по наводи за кривично дело поврзано со сексуална злоупотреба меѓу осудени лица.
На 30.06.2026 година во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од затворот е донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој бил предмет на настанот.
Според пријавата, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.
„За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. По завршување на истрагата и целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.



