Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка побарале да направат анализа на економскиите состојби во земјата.
Министерката ова го кажа во контекст на евентуалните реформи во Пензискиот фонд, каде што постојат дилеми за исплатливоста во работењето на вториот пензиски столб.
– Тие сега побараа да направат една анализа, ние се согласивме. Че направат анализа на пензискиот фоинд и ќе дадат одредени препораки, за кои не значи дека треба дефинитивно да бидат прифатени од Владата, но се согласивме да работат на такво нешто, рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека предлогот на ММФ дошол „како непланиран, но бил прифатен“. Рече дека најголем проблем претставува демографијата и дека ако сугестиите на ММФ се да се зголеми старосната граница за пензионирање, Владата „најверојатно“ тоа нема да го прифати.



