Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, тој го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресорот добро владеење

 Денеска објавуваме уште еден скандал. Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата.  Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Газдата останува ист, Христијан Мицкоски.
Антикорупцискиот тим постојано се бори и го разобличува криминалното владеење.
Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“.
Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби.
За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски.
А кој е Димитар Димовски?
Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите.
Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува.
Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика.
Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“.
Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси?
Со криминална организирана група на власт можно е.
Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно.
Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме:
Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.
Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски.
Ништо друго.
Приватен круг за бизнис зделки и криминални тендери.
Димовски треба да биде разрешен од позицијата во Кабинетот на Мицкоски а не да биде унапреден.
Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува.
 

The post Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, тој го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресорот добро владеење appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: