Тешко повредена 64-годишна струмичанка, сограѓанин ја удрил со возило

На 03.07.2026 во 12:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (67) од Струмица, удрило во 64-годишната Л.Ц.(64) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи: