Масовни протести во Тирана: Демонстрантите ја нападнаа полицијата, му приредија на Рама „изненадување за роденден“ (ВИДЕО)

Синоќа во Тирана се одржа еден од најмасовните протести во историјата на Албанија, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу кои голем број Албанци од дијаспората кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, како и Албанци од соседните земји, објавија албанските медиуми.

Протестот започна во 19:00 часот, од плоштадот „Скендербег“, до Плоштадот на народните херои и пред зградата на владата, каде што неколку говорници се обратија на толпата, повторувајќи ги веќе добро познатите барања за оставка на премиерот Еди Рама и формирање „непартиска влада со едногодишен мандат“. Потоа тие го продолжија својот марш низ градот.

Протестот траеше шест часа и заврши пред Полициската станица бр. 3, каде што има 21 лице, приведени по насилниот протест во четврток пред албанскиот парламент. Таму тие побараа нивно ослободување, насочувајќи се кон полициската зграда, кршејќи прозорци, поттикнувајќи ја полицијата да употреби водени топови.

Како што објави порталот „Машкип“, на синоќешниот протест најголемо внимание привлече симболиката избрана за роденденот на премиерот Еди Рама, кој вчера го прослави својот 62-ри роденден.

Демонстрантите првично донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинго кое стана симбол на протестите, започнати против изградбата на луксузен одморалиште на островот Звернец.

Day 35 truly reflects the scale of this citizens’ protest in Albania.Simply FANTASTIC. pic.twitter.com/OjGfjmXppf— Belind Këlliçi (@BelindKellici) July 4, 2026

Како што објавија медиумите, она што предизвика бројни остри реакции и осуди на социјалните мрежи беше ковчегот што го носеа демонстрантите.

– Одвратно! Срамно! Ковчегот не е поезија, тој симболизира смрт. Ова оди подалеку од омразата, беа најчестите реакции.

Друг симбол на протестот беше статуа со црвени очила, на која пишуваше „Последниот диктатор“, која демонстрантите ја соборија и ја клоцаа. Организаторите ја споредија акцијата со уривањето на комунистичките споменици во 1991 година.

Еден демонстрант донесе и затворска униформа, заедно со сапун, брашно и брич, нарекувајќи ги „роденденски подароци за Рама“, во иронична порака поврзана со повиците за истрага и отстранување на премиерот од власт.

Protesters gather in Tirana for the 35th consecutive day against planned tourism project in Zvernec near southern city of Vlora Demonstrators march from Skanderbeg Square to Prime Minister’s Office carrying Albanian flags and banners reading ‘Albania is not for sale’… pic.twitter.com/YPKwyGtgDX— Anadolu English (@anadoluagency) July 5, 2026

Демонстрантите мавтаа со албански и американски знамиња, скандираа „Нова Албанија“, „Рама си оди“, „Рама во затвор“, „Бериша во затвор“. 

Демонстрантите за денес најавија протест пред судот во Тирана, каде што ќе бидат објавени безбедносни мерки за притворените лица.

Организаторот на демонстрациите, Едисон Лика, најави дека протестот ќе биде организиран вечерва и ќе продолжи секој ден до заминувањето на Рама.

The post Масовни протести во Тирана: Демонстрантите ја нападнаа полицијата, му приредија на Рама „изненадување за роденден“ (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: