Како оралното здравје е поврзано со депресијата

Депресијата е состојба што многумина ја припишуваат на нешто што постои во умот, но експертите наведуваат дека реалноста е дека таа влијае на целото тело.

Како што наведуваат, лошата орална хигиена може да доведе до заболување на непцата, а заболувањето на непцата предизвикува хронично воспаление.

„Хроничното воспаление е поврзано со голем број здравствени состојби, вклучувајќи ја и депресијата. Луѓето ја нарекуваат устата врата кон телото, таму влегува храната за да го одржи телото во функција, а може да биде и влезна точка за несакани супстанции како бактерии“, вели д-р Џејсон Ауербах, пренесува Би-Би-Си.

Нелекуваните инфекции на устата им овозможуваат на бактериите да влезат во крвотокот, што може да доведе до опасна сепса. Овие инфекции можат да доведат и до хронично воспаление, кое е поврзано со голем број здравствени состојби, вклучувајќи намален имунитет и срцеви заболувања.

Оралното здравје е неразделно поврзано со менталното здравје. Пациентите кои имаат проблеми со оралното здравје често го менуваат начинот на кој размислуваат и дејствуваат. Аубербах вели дека пациентите може да престанат да се смеат, да почнат да ги покриваат устите и да престанат да зборуваат на состаноците затоа што се чувствуваат несигурно.

„Врската помеѓу менталното и оралното здравје е поголема отколку што мислат повеќето луѓе. Истражувањата покажуваат дека луѓето со вообичаени нарушувања на менталното здравје имаат повисоки стапки на расипување на забите и оштетување од општата популација“, рече тој.

Исто така, не станува збор за недостаток на секојдневна домашна нега. Една студија покажа дека над 65 проценти од луѓето со лошо ментално здравје не побарале стоматолошка нега.

Аубербах вели дека депресијата се карактеризира со недостаток на мотивација, замор и чувство на безвредност, што може да им отежни на луѓето да одржуваат добри навики. Рутините како туширање, пресоблекување и миење на забите се меѓу првите навики што страдаат. Тој ја нагласува важноста на миењето на забите двапати дневно, користењето на конец за заби еднаш дневно, редовна посета на стоматолог и одржување на хидратација.

Тој даде посебен совет за луѓето кои се депресивни.

„Ако миењето заби две минути ви изгледа невозможно, мијте ги забите 30 секунди. Ако пропуштите еден ден, не го правете тоа цела недела. Мислам дека луѓето потценуваат колку се важни малите победи“, рече тој.
The post Како оралното здравје е поврзано со депресијата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: