Мицкоски на средба со Кос: Македонија продолжува да спроведува реформи, да ја зајакнува економијата, институциите и владеењето на правото

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за време на средбата со претседателката на ЕК, Марта Кос, изјави дека денешната посета е можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европска перспектива, реформите што ги спроведуваме и потребата процесот на проширување да остане во согласност со принципите врз кои е изградена Европската Унија, доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја земја-кандидат, соопшти владината прес-служба.

„Во текот на последните две години, Владата покажа дека реформите не се декларативна обврска, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски индикатори и преку создавање подобри услови за живот за граѓаните. Нашата цел е да изградиме функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и средина што ќе ја зајакне довербата на граѓаните во инвеститорите.“

Не го правиме ова затоа што некој нè бара, туку затоа што веруваме дека ова е единствениот правилен пат за развој на нашата татковина и за создавање одржливи институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и идните генерации.

Во тој процес, ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и експертската и финансиската помош што придонесува за побрзо и поквалитетно спроведување на реформите.

Во исто време, очекуваме европската интеграција да остане процес заснован на јасни критериуми, вредности и исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај граѓаните на земјата.

„Граѓаните со години покажаа јасна посветеност на европската идеја. Во тој период беа донесени тешки одлуки, беа преземени сериозни обврски и беа преземени важни чекори со сигурност дека секој исполнет критериум ќе биде оценет на објективен и предвидлив начин. Затоа, денес е важно да имаме доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и сите поранешни земји кандидати“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нашата посветеност останува непроменета. Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнеме економијата, институциите и владеењето на правото, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и бидејќи ги разбираме европските вредности како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите. 
The post Мицкоски на средба со Кос: Македонија продолжува да спроведува реформи, да ја зајакнува економијата, институциите и владеењето на правото appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: