Манчестер Јунајтед денес се договори за доаѓањето на првото големо засилување во летниот преоден рок, бидејќи Јури Тилеманс ќе стане нов член на „Ѓаволите“.
Ексклузивната вест ја донесе новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнестејн, а подоцна ја потврди и Фабрицио Романо со своето „еве, почнуваме“.
Агентите на Тилеманс постигнаа договор за трансфер на фудбалерот од Астон Вила на „Олд Трафорд“, при што Јунајтед ќе плати 41 милион евра отштета.
Тилеманс е член на Астон Вила од летото 2023 година и е еден од клучните играчи за тимот од Бирмингем. Претходно играше за Монако и Андерлехт.
Патем, ова е и капитен на белгиската репрезентација, која неодамна го заврши учеството на Светското првенство во четвртфиналето со пораз од Шпанија.
The post Јунајтед се договори за големо засилување: Капитенот на Белгија пристигнува на „Олд Трафорд“ за 41 милион евра appeared first on Во Центар.



