Топлото време убиваше по еден човек на секои три минути: 440 луѓе умираа дневно, топлотниот бран ја зафаќа Европа како чума

Топлотните бранови што ги погодија Англија и Велс во мај и јуни беа поврзани со повеќе од 2.700 предвремени смртни случаи, според проценка на британски научници.

Според анализата на експерти од Империјал колеџ во Лондон, Британската метеоролошка служба и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, само за време на тридневниот врв на јунскиот топлотен бран, околу 440 луѓе умирале дневно од последиците на екстремно високите температури.

Истражувачите проценуваат дека во текот на деветте најжешки денови во мај, регистрирани се околу 550 смртни случаи поврзани со топлина, додека во текот на 11-те дена од јунскиот топлотен бран, приближно 2.200 луѓе починале предвреме.

Климатските промени дополнително го зголемија бројот на жртви

Анализата покажа дека климатските промени значително придонеле за смртноста во периоди на екстремни температури. Научниците проценуваат дека околу 42 проценти од смртните случаи можат да се поврзат со дополнително затоплување предизвикано од човековите активности, првенствено согорувањето на фосилни горива.

Според нив, максималните дневни температури за време на топлотните бранови биле помеѓу три и четири степени Целзиусови повисоки отколку што би биле без влијанието на климатските промени.

Експертите предупредуваат дека високите температури претставуваат особено висок ризик за постарите лица, хронично болните и луѓето кои живеат во згради без соодветно ладење.

Најновите податоци го отворија повторно прашањето за подготвеноста на здравствениот систем и локалните заедници за сè почестите и интензивни топлотни бранови што ја погодуваат Велика Британија и другите делови од Европа.
The post Топлото време убиваше по еден човек на секои три минути: 440 луѓе умираа дневно, топлотниот бран ја зафаќа Европа како чума appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: