Америка изврши петчасовен напад врз Иран: „Имаме 50.000 војници на Блискиот Исток, остануваме будни и смртоносни“

Во текот на ноќта, Соединетите Американски Држави извршија серија напади врз Иран откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нова блокада на иранските пристаништа.

Американската војска објави дека завршила петчасовна мисија во која, како што велат, успешно погодила воени цели низ Иран. Тие исто така ги навеле и локациите што ги таргетирале, имено Бушер, Ча Бахар, Јаск, Конарак, Абу Мусу и Бандар Абас.

„Целта е дополнително да се ослабне способноста на Иран да напаѓа комерцијални бродови“, соопшти Централната команда на САД.

Силите на Центкомот употребија прецизна муниција против иранските крајбрежни одбранбени системи, места за лансирање ракети и беспилотни летала и други поморски капацитети во Иран.

„Повеќе од 50.000 американски војници се моментално распоредени низ целиот Блиски Исток. Американските сили остануваат будни, смртоносни и подготвени“, соопшти Централната команда.
The post Америка изврши петчасовен напад врз Иран: „Имаме 50.000 војници на Блискиот Исток, остануваме будни и смртоносни“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: