УЈП: Вкупниот долг надмина 13 милијарди денари

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 07/2026, на која се вклучени вкупно 5.156 правни и физички лица со неплатени даночни и царински обврски.

На листата се наоѓаат 2.007 правни лица, што е за 66 повеќе во споредба со претходната листа, како и 3.149 физички лица, односно 32 повеќе.

Станува збор за долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година, за следниве основи: ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се наоѓаат физички лица и самостојни изведувачи со долгови од над 120.000 денари, како и правни лица со долгови од над 300.000 денари.Според податоците од Заводот за јавен долг, вкупниот објавен нето-долг изнесува 13,08 милијарди денари, што претставува зголемување од над 162 милиони денари во споредба со претходната листа.

Од овој износ, 12,86 милијарди денари се однесуваат на даноци и придонеси, додека долгот за царински давачки изнесува 213,57 милиони денари.

Даночните обврзници кои не се согласуваат со објавените податоци можат да се обратат до надлежната регионална дирекција на Управата за јавни приходи или до Царинската управа, во зависност од видот на долгот.
The post УЈП: Вкупниот долг надмина 13 милијарди денари appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: