Глобалните цени на нафтата го забрзаа својот раст во четврток, при што суровата нафта „брент“ се искачи над 97 долари за барел, покажаа пазарните податоци.
До 10:01 часот по московско време, септемвриските фјучерси за суровата нафта „брент“ пораснаа за 3,15 проценти во однос на претходното затворање, на 97,03 долари за барел. Цената надмина 97 долари за прв пат од 8 јуни. Септемвриските фјучерси за суровата нафта „WTI“ пораснаа за 2,43 проценти, на 88,94 долари за барел.



