И водата во Крушево не е бактериолошки исправна за пиење

Водата за пиење во Крушево не е бактериолошки исправна, потврдија од Јавното претпријатие „Комуна Крушево“.

На жителите им препорачуваат за пиење да користат флаширана вода, додека водата од градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

– Исто така ЈП Комуна Крушево ве информира дека се врши редовно хлорирање на водата и секојдневно се врши контрола на присуството на хлор. Препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата, се наведува во соопштението.

Бактериолошки неисправна е и водата од крај патните чешми Бензиска пумпа и Св. Петка.

The post И водата во Крушево не е бактериолошки исправна за пиење appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: