вторник, 24 ноември 2026
Најново

Пецаков ги остави охриѓани без пристап до своите домови – урбанистичката мафија на ДПМНЕ го окупира Охрид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. Наместо прво да обезбедат пристап за жителите, власта на ДПМНЕ му овозможи на инвеститорот да започне со градежни работи и да го уништи единствениот постоечки влез до двете згради.

Жителите од овие згради, кои реагираа до Левица, со години водат институционална битка за да им се обезбеди пристап пред започнувањето на градбата. Наместо решение, тие добиле молк од институциите и ароганција од градоначалникот. На нивните реакции, градоначалникот Пецаков цинично им порачал дека „сами се виновни што купувале станови во тие згради“. Градоначалник кој им порачува на граѓаните дека се виновни што купиле дом, наместо да обезбеди елементарни услови за живеење, покажува дека одамна престанал да работи во интерес на јавноста.

Во исто време, и Државниот завод за ревизија и УНЕСКО констатираат дека охридскиот регион останува заробен од бесправната урбанизација, додека дивоградбите не се отстрануваат. Наместо исполнување на препораките на УНЕСКО, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски бараат нови рокови и уште шест години, иако нивниот градоначалник Пецаков веќе пет години ја има локалната власт, без ниту еден резултат во спроведувањето на препораките и без ниту една рушена дивоградба.

Ликот на градот под УНЕСКО брутално се уништува, а Охрид е ставен под окупација на урбанистичката мафија, на чиј врв е самиот Кирил Пецаков. Градежни фирми блиски до охридскиот градоначалник го узурпираат секој јавен простор и рушат историски објекти за да никнат нови згради, затоа што криминалната матрица на оваа власт е мотивирана само од желбата за лично богатење. Овој скандал е кулминација на дивеењето на градежната мафија во Охрид, која со Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ е најзаштитена како никогаш досега – објавија од Левица.

Поврзани вести