Полицијата вчеравечер во близина на крстосница од локалниот пат село Богородица-Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија-Богданци, лишила од слобода 36-годишен струмичанец поради сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.
При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола – информира Министерството за внатрешни работи.
За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.



