Цените во рестораните стануваат сѐ поскапи: За една година пораснале за 3.2 отсто

Сѐ поскап станува ручекот, кафето и пијалокот во рестораните. Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените во угостителството продолжиле да растат и во изминатиот месец јули. За една година, угостителските услуги се поскапи за 3,2 проценти, а од почетокот на годинава растот е 2,9 проценти. Тоа значи дека граѓаните за кафе, ручек или пијалок денес издвојуваат повеќе пари отколку лани

„Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1 %.“, ВЕЛАТ ОД дзс

Граѓаните на терен остануваат деицидни дека едвај се излегува во маркет, а за во рестораните како што велат ништо не е чудно

Инаку, според податоците на ДЗС, само за еден месец, односно од јули до јули 2026 храната поскапела за 0.2 %, додека пак ноќевањата за над 5 проценти. Како што информираат оттамуу пак во групите Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци засега не се забележани промени на цените. објавува Журнал.мк

Пронајдете не на следниве мрежи: