Опозициската СДСМ тврди дека млади активисти биле нападнати во Ново Село затоа што носеле транспарент дека водата во Гостивар е загадена. СДСМ бара од полицијата и Обвинителството веднаш да постапат.
– Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе, изјави денеска Кети Штерјова од СДСМ.
Според СДСМ, во нападот учествувал и возач на градоначалникот на Струмица од ВМРО – Наско Димитриев.
– Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи, рече Штерјова.
The post СДСМ тврди дека биле нападнати млади активисти во Ново Село appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



