Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц имаа голема причина за славење, а токму за што станува збор открија на Инстаграм.
Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија своите брачни завети пред точно една година , а сега ја слават годишнината од тој момент во нивните животи. Бруклин објави фотографија со сопругата на својот Инстаграм, а објавата беше придружена со емотивна порака .
Истата фотографија ја објави и Никола, а на неа се гледаат вљубени птици како пијат вино и уживаат во еден момент.
Судејќи според фотографиите, двојката беше решена да носи лежерна облека и да му упати блескава насмевка на непознатиот фотограф.
View this post on Instagram A post shared by @brooklynpeltzbeckham
„Среќна годишнина, Никола, не можам да ти опишам колку те сакам. Ти си мојот најдобар пријател и те сакам повеќе од сопствениот живот. Среќен сум што можам да те наречам „сопруга“ и дека си моја принцеза. Ветувам дека секогаш ќе те заштитувам“, заклучи тој.
Да ве потсетиме дека Бруклин и Никола ги обновија своите брачни завети на 2 август минатата година. Извор близок до двојката тогаш за списанието „Пипл“ изјави дека сакаат да ја прослават љубовта и врската што ја изградиле низ годините.
И додека љубовта меѓу нив двајца цвета, семејството на Бруклин се обидува со сите сили да го задржи својот јавен имиџ по уште еден скандал .
The post Додека неговото семејство се распаѓа, тој слави со својата сакана: Ова е новиот скандал на младиот Бекам appeared first on Во Центар.



