„Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа, а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра“, велат од СДСМ

„Денеска Мицкоски и Николовски повторно се сликаат на „потпишување договори“ за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир. Сакаат да прикажат дека тие обезбедиле пари. Вистината е сосема друга“, велат од СДСМ.
Пред три години, Владата на СДСМ и Македонски железници ги обезбедија парите:
ЕБОР – заем
175.000.000 €
EBRD +1
ЕИБ – заем
175.000.000 €
European Investment Bank +1
WBIF – инвестициски грант
149.164.044 €
IPA II – грант
60.765.000 €
Тендерот беше распишан. Фирмите-изведувачи имаа поднесено понуди. Сѐ беше подготвено за избор на изведувач, потпишување и вовед во работа.
Потоа дојде нова власт, нов министер и нов директор од ВМРО. Избор на изведувач не беше извршен. Тендерот пропадна. Парите стојат на наменска сметка и државата плаќа пенали за неповлечените пари од заем.
Резултат: Бидејќи 2 години не знаат што со себе- Македонија изгуби 60 милиони евра од европските ИПА фондови кои се дел од финансиската конструкција. Сега Мицкоски ги вади останатите пари и ги претставуваат како своја „нова инвестиција“.
Ова е класичен модел на оваа власт:
• да се присвојува туѓи резултати
• да се крие сопствениот неуспех
• да се фалат со нешто што самите го упропастија
Единственото што оваа Влада навистина направи со пругата кон Бугарија е да ја блокира и да изгуби 60 милиони евра.
За две години успеаа само во две работи: да ја задолжат државата со над 2,5 милијарди евра и да организираат криминални тендери. Сѐ друго е пропаганда и присвојување туѓа работа“, се наведува во соопштението на СДСМ.
The post „Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа, а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра“, велат од СДСМ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: