Нов паркинг во центарот на Битола

Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза.
Од Општина Битола информираат дека денеска се асфалтирало и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена е и атмосферска канализација.
„Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје“, велат од Општината.
The post Нов паркинг во центарот на Битола appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: